Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип


Според првичните информации повредените лица се хоспитализирани во Општата болница во Велес. Засега нема детали за нивната состојба и видот на повредите

Во тешка сообраќајна несреќа која вечерва се случила на магистралниот пат Штип – Велес, едно лице загинало, а две се повредени. Информацијата за МИА ја потврдила портпаролката на Секторот за внатрешни работи Штип, Гордана Панајотова. 

Илустративна фотографија / Фото: Архива

Несреќата се случила кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, а во неа учествувале две возила.  

Првичните информации што ги пренесува новинската агенција велат двете повредени лица се хоспитализирани во Општата болница во Велес. Засега нема детали за нивната состојба и видот на повредите.  

Сообраќајната несреќа се случила околу 18:20 часот, а во неа учествувале возило марка „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки и „бмв“ со радовишки ознаки.  

Екипи на надлежните институции вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот на овој експресен пат е во прекин.  

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: