Едно лице загина, а девет се ранети во пукањето што се случи на парадата на Универзитетот во Тенеси, соопшти полицијата во Нешвил, јавуваат денеска американските медиуми.
Меѓу повредените, никој не е во критична состојба, соопшти локалната болница.
Престрелката се случила меѓу две групи луѓе, а од полицијата велат дека меѓу повредените има и случајни минувачи.
Инцидентот се случил на парадата на Универзитетот во Тенеси, каде веќе биле распоредени полицајци и пожарникари, а полицајците по пукањето брзо реагирале и им помогнале на повредените.
На местото на настанот е запленет пиштол, соопшти полицијата во Нешвил.
Мотивите за пукањето се уште не се прецизирани.