ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНАЛО ПОРАДИ ТРУЕЊЕ СО СУПЛИМЕНТИ : 76 од нив завршиле во болница

Познатата јапонска фармацевтска компанија Кобајаши денеска објави дека ја истражува смртта на едно лице и хоспитализацијата на најмалку 76 лица кои можеби се поврзани со нејзините таблети од црвен квасец .Компанијата ги повика клиентите да престанат да ги користат овие апчиња „бенни коџи“, кои се рекламираат како додаток за намалување на холестеролот и крвниот притисок, пренесува Би-би-си.Таа пилула е всушност ориз ферментиран со еден вид црвено-виолетова мувла (monascus purpureus) кој се користи и како боја за разни прехранбени производи.Компанијата „Кобајаши“ се сомнева дека проблемот настанал поради неоткривање на токсична супстанција во мувлата, а засегнатите клиенти пријавиле симптоми како обезбојување на урината, отечени екстремитети и замор.„Иако вредно ги утврдуваме фактите и причинско-последичните врски, сакаме да го објавиме ова заради брзо откривање информации. Нашата компанија секогаш го ставаше здравјето на нашите клиенти на прво место и искрено се извинуваме за оваа ситуација“, рече Кобајаши.

Пронајдете не на следниве мрежи: