Едно од омилените пива ќе претрпи драстични промени, повеќе ништо нема да биде исто

Данскиот производител на пиво, компанијата „Карлсберг“ ќе го реорганизира својот бренд на пиво во Велика Британија, менувајќи го вкусот, амбалажата, но и маркетиншката стратегија.
Оваа компанија подготви стратегија која во иднина ќе се фокусира на квалитетот, а не на квантитетот, со цел корисниците на овие пијалоци да го сменат своето мислење за „Карлсберг“.


Имајќи предвид дека „Карлсберг“ бележи пад на продажбата, новата рекламна стратегија ќе оди со текстот: „Веројатно не е најдоброто пиво во светот, барем за сега“.
На овој начин од компанијата планираат да го свртат вниманието кон потенцијалните и сегашните купувачи за промените што ќе следат. Оваа трансформацијата е обид „Карлсберг“ да го подобри своето работење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.