Едно јаболко содржи 100 милиони бактерии, но еве зошто е добро да јадете повеќе

Студијата покажа дека едно јаболко содржи околу 100 милиони различни бактерии, но видот на бактерии се оние кои се важни за одржување на здрава интестинална средина.
Ова го изјави еден од авторите на студијата, професор Габриел Берг од универзитетот Грасе во Австрија.
„Процесот на готвење убива многу бактерии корисни за нашите црева. Затоа, суровиот зеленчук и овошје се важен извор на интестинални бактерии“, изјави професорот.


За студијата, научниците земале примерок од органски јаболки и јаболки кои се купени во продавница. Откриле дека двата вида на јаболко имаат ист број бактерии, но органското јаболко содржи разновидни и балансирани бактерии, што ги прави корисни и вкусни.
Професорот изјави дека следниот чекор би бил да се потврди фактот дека микробната разновидност на храната комуницира со цревата и колку таа го подобрува здравјето.
Затоа, ако сакате да бидете здрави, јадете јаболки!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.