Домашниот пазар за снабдување со електрична енергија се соочува со значајни предизвици и нови можности. Како дел од PPC Group, водечка енергетска компанија во Југоисточна Европа, ЕДС е подготвен да зачекори во нова ера на раст и иновации.
Компанијата неодамна го назначи Александар Сарџовски за нов генерален директор, чие визионерство и стручност ќе бидат клучни за креирање на идните стратешки насоки.
Со богато искуство во корпоративно раководење и менаџмент, Сарџовски е поставен да ја води компанијата кон нови успеси, со фокус на подобрување на услугите, дигитализација, енергетска ефикасност и поддршка на клиентите.
„Мојата визија за ЕДС е да продолжиме да растеме како компанија која поставува нови стандарди во снабдувањето со електрична енергија.
Како дел од PPC Group, имаме сила и ресурси да развиваме иновативни решенија и конкурентни пакети за снабдување кои ќе ги задоволат потребите и на големите компании и на малите и средни претпријатија. Нашата цел е да им помогнеме на клиентите да ја оптимизираат својата потрошувачка на струја и да заштедат, преку понуди што нудат флексибилност, сигурност и одржливост“, истакнува новиот генерален директор на ЕДС.
Под новото раководство, ЕДС ќе продолжи со стратешка експанзија, модернизација на услугите и унапредување на односите со клиентите. Компанијата веќе подготвува нова понуда на пакети за снабдување со електрична енергија, креирани според различни пазарни сегменти и прилагодени на потрошувачката на компаниите.
Како дел од PPC Group, ЕДС ја зацврстува својата позиција како еден од водечките снабдувачи со електрична енергија, подготвен да одговори на современите барања и да биде двигател на позитивни промени во енергетскиот сектор.
PPC Group е водечки електроенергетски оператор во Југоисточна Европа, присутен покрај во Грција, Романија и Северна Македонија. Со вкупен инсталиран капацитет од 12.3GW, PPC произведува приближно 21TWh електрична енергија годишно. Групацијата опслужува 8.8 милиони клиенти во Грција и Романија, испорачувајќи околу 32TWh електрична енергија, управувајќи со регулирана актива во вредност од 4.9 милијарди евра.
The post ЕДС именува нов генерален директор кој ќе ја води компанијата во нова ера на раст и иновации appeared first on 365.mk.