Езерото Лугу е кралство на жените: Имаат љубовници колку сакаат и го држат целото богатство

Племето Мосуо брои околу 40.000 луѓе, а со векови живее на брегот на езерото Лугу, на границата на провинциите Сечуан и Јунана, опкружено со планини, а куќите кои се живописни селаните ги изградиле од дрво.
Животот на 2.700 метри надморска височина и со најблизок град на оддалеченост од окоу 6 часа возење, се околностите поради кои овде е зачуван начинот на живот кој не е пронајден никаде на друго место на светот.
Една од најчудните културолошки појави овде се таканаречените „одечки бракови“. Откако жената ќе созрее за мажење, може да бира кај кој љубовник сака да оди и со колку од нив сака да остане, до крајот на животот.

Во ваквите бракови мажите ги посетуваат жените во нејзината, женска куќа по повик. Ноќта ја поминуваат во специјално дизајнирана „цветна соба“, а денот го користат за враќање повторно во својата куќа. Двојките не живеат заедно, а бебињата ги растат во исклучитено женско семејство, покрај браќата и вујковците на детето кои ја исполнуваат улогата на татко.
Сепак, мажите играат многу важна улога во Мосуо племето. Традиционално, биле често оддалечни од селото, патувајќи во трговските каравани преку кои ги продавале своите производи. Исто така, биле задолжени за градба на куќи, риболов и колење на стоката.
Необично е тоа што ни ден денеска не се одговорни, посебно финансиски, за своите родени деца, тука за своите внуци кои живеат со нив.
Овој стил на живот често се нарекува и последниот матријархат на светот. Сепак, поточно е да се нарекува Мосуо традиција. Мажите и натаму имаат политичка моќ во општеството, но жените главно се домаќинки кои често донесуваат одлуки за семејните ресурси.
Богатството и имотот се пренесуваат од мајките на ќерките, давајќи им на Мосуо жените голем авторитет и слобода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.