Во експлозија на плински уред во станбена зграда петмина станари се повредени од кои еден е со тешки повреди. Целосно се уништени 15 станови, како и возилата паркирани пред зградата.
Силната експлозија се случила во стан на третиот кат, кој е во сопственост на 52 годишен маж, кој не бил во станот. По експлозијата избувнал пожар во кој се уништени 15 станови во зградата , а станарите се евакуирани.