Експертиза за „Онкологија“: Пациентите во онкологијата биле третирани несоодветно

Честите промени во терапијата без медицинско објаснување, администрацијата на лекови кои меѓусебно се поништуваат и примената на хемотерапија во терминалната фаза, која наместо да помогне, им го скрати животот на пациентите, се дел од заклучоците што денес ги презентираше експертот Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, на судското рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд во Скопје.

Вештачењето е изготвено врз основа на анализа од 51 страница на медицинска документација од третманот на пациентите на Клиниката за онкологија.

Одговарајќи на прашања од Обвинителството, Равник рече дека имало голем број системски пропусти во третманот, нагласувајќи дека и покрај драстичното влошување на крвната слика и длабоката тромбоцитопенија кај пациентите, третманот продолжил со несоодветни цитостатици. Како особено проблематично беше истакнато давањето на неколку цитостатици, вклучувајќи го и „оксалиплатин“ како монотерапија, што, според експертот, е медицински неоправдано.

„Сакам да нагласам дека „оксалиплатинот“ во монотерапија нема ефект и секогаш мора да се комбинира со други цитостатици. Тоа е, пациентот примил лек кој не бил индициран за таа намена и хемотерапија која немала ефект. Тоа била терапија дадена „про форма“, без никакво вистинско медицинско оправдување“, рече Равник.

Според експертскиот извештај, иако дијагностичките методи, како што се ПЕТ скенирањата, ја потврдувале прогресијата на болеста и појавата на метастази, терапијата на пациентите честопати се менувала без јасно и писмено објаснување. Исто така, биле наведени примери каде лекови индицирани за еден вид рак им биле давани на пациенти со сосема различна дијагноза, за кои овие лекови не биле применливи.

Равник открил дека во одредени случаи, континуираната администрација на хемотерапија во последните фази од болеста имала фатален исход.

„Таквиот хемотераписки третман е нешто што директно води до смрт на оваа пациентка. Тоа е значително влошување на сериозната здравствена состојба и прогресија на болеста. Неколку дена пред нејзината смрт, таа примила хемотерапија. Во оваа фаза можеме да заклучиме дека хемотерапијата го скратила животот на пациентката. Во таа фаза е дозволена само симптоматска терапија, хоспитализација за нега и палијативна нега, а не активна онколошка терапија“, нагласи Равник.

Значаен дел од експертизата беше поврзан со истовремената употреба на контрадикторни терапии кај пациенти кои, покрај онколошката терапија, беа третирани и со кортикостероиди, најчесто поради компликации од Ковид.

Проблемот е што имунотерапијата делува така што го стимулира имунолошкиот систем за борба против ракот. Што значи дека таа истовремено примила лек за стимулација (Пембролизумаб) и лек за превенција, имено поради намален имунитет (кортикостероиди). Поради спротивните ефекти на лековите, имено поради истовремената администрација на овие две групи, се очекува намален ефект на имунотерапијата“, објасни експертот.
The post Експертиза за „Онкологија“: Пациентите во онкологијата биле третирани несоодветно appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: