Бананите се здрави, но треба да внимавате со нивното консумирање.
Не постои никаков сомнеж дека бананите се здрави. Содржат многу калиум, магнезиум и растителни влакна. Меѓутоа, експертите не ги препорачуваат за доручек, а еве и зошто.
Бананите содржат 25 отсто шеќер кој што нагло го зголемува нивото на инсулин. Последица – станувате изморени и многу брзо потоа огладнувате.
Значи, наутро на работа за доручек јадете една банана, тоа негативно ќе се одрази на нивото на вашата енергија.
Освен тоа, сигурно по некое време многу ќе огладнете и најчесто ќе посегнете по некои грицки или пак брза храна, што не е добро за вашиот организам и вашето тело.
Меѓутоа, имаме и добри вести – доколку сакате да се одвикнете од јадењето банани наутро, тогаш комбинирајте ги со здрави маснотии кои што не го подигнуваат нивото на инсулин нагло.
На пример, путер од кокос, бадеми или пак чиа семе. Така ќе се неутрализира киселината од бананата, а ќе биде искористена предноста на калиумот, магнезиумот и растителните влакна – без шеќерот да ви се зголеми многу.