Експертите тврдат дека ова е најлесната диета за следење

Медитеранската диета на пример, е повеќе начин на исхрана наместо традиционална диета. Нема планови за оброк, нема забранета храна, ниту нереални ветувања.
Зошто медитеранската диета е најлесна за следење?
Експертите тврдат дека ова е најлесната диета за следење
Оваа диета не само што е балансирана и безбедна за сите, туку не е скапа и е едноставна.
Не елиминира цели групи храна.
Не го ограничува внесот на калории.
Можете да јадете десерти и да пиете вино.
Можете да јадете во ресторан.
Храната ќе ве заситува.


Можете да заштедите на време со приготвување оброци однапред.
Нема потреба да трошите екстра пари на одредени видови храна или програми.
Како функционира медитеранската диета?
Експертите тврдат дека ова е најлесната диета за следење
Бидејќи оваа диета подразбира начин на исхрана, а не строг режим, вие самите треба да одредите колку калории ќе внесувате за да ослабете или за да ги одржите килограмите, колку ќе бидете активни и како ќе го обликувате вашето медитеранско мени. За да започнете да ја следите, доволно е да ја погледнете пирамидата на медитеранската диета. Таа ги нагласува овошјето, зеленчукот, целите житарици, мешунките, јатките, маслиновото масло, тревките и зачините на дното, потоа се рибата и морската храна барем два пати неделно; пилешко, јајца, сирење и јогурт се внесуваат во умерени количини, додека благото и црвеното месо се само за специјални прилики. Ако сакате можете да консумирате вино, исто така умерено, а водата е секако задолжителна. Не заборавајте да уживате во оброците заедно со други луѓе и да бидете и физички активни.
Дали медитеранската диета е добра за слабеење?
Експертите тврдат дека ова е најлесната диета за следење
Медитеранската диета е рангирана како 41-ва диета за слабеење. Не ви нагласува да јадете помалку калории за да ослабете, па ако самите не го направите тоа најверојатно нема да забележите голема промена во тежината.
На некој начин оваа диета не била дизајнирана за слабеење. Ако вашата цел е да ослабете што е можно побрзо, тогаш можеби ова не е диетата за вас. Но, ова не значи дека од неа нема здравствени придобивки. Таа е добра за вашето срце и го намалува ризикот од ментални болести како деменција. Исто така ве поттикнува да консумирате здрави масти и протеини.
Ако сте подготвени за долгорочно посветување и сакате да следите поздрав начин на исхрана, нема причина зошто да не ослабете и да се чувствувате подобро. Разликата е што можеби промената ќе настане по неколку месеци наместо по неколку недели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.