Експерт за говор на телото ја анализираше Меланија Трамп! Еве што откри

Експерт за говор на телото рече дека Меланија Трамп изгледа не сакала да биде во центарот на вниманието за време на победничкиот говор на нејзиниот сопруг Доналд Трамп на Флорида.Доналд Трамп , победникот на  претседателските избори во САД, одржа свечен говор опкружен со своето семејство и поддржувачи.   Трамп рече дека е „екстремна чест“ да се биде избран за претседател и додаде дека Америка ја чека „златна доба“.До него на сцената беше неговата сопруга Меланија Трамп . Трамп  ја пофали нејзината книга и ѝ се заблагодари што „работи многу напорно за да им помогне на луѓето“.Иако Меланија блескаше и изгледаше среќна, експертот за говор на телото Дарен Стентон рече дека  верува оти 54-годишната прва дама „навистина не сака да биде во центарот на вниманието“.Стентон е тренер по медиумска психологија, експерт за говор на телото и детектор на лаги.Тој изјави:– Трамп често ги става луѓето во центарот на вниманието, но тоа навистина не и се допаѓа на Меланија. Не сака да биде во центарот на вниманието, ниту дека сите очи се вперени во неа .  – Едноставно има таква неподготвеност во нејзините изрази. Навистина не сака да биде во центарот на вниманието – нагласил Стентон, пренесува ladbible.

Пронајдете не на следниве мрежи: