Силни експлозии се случија во окупираниот украински град Бердјанск, кој се наоѓа на брегот на Азовското Море. На Твитер профилот „OSINTdefender“ се наведува дека експлозијата се случила во фабриката Азовкабел. Украинците тврдат дека фабриката е руска база.
„OSINdefender“ наведува дека експлозијата била предизвикана од ударот на новата ракета „Storm Shadow“, која неодамна пристигна во Украина. Украинските сили наводно уништиле три моќни ракетни системи С-300 во градот, пишува Index.hr.
Украинските вооружени сили тврдат дека вчера уништиле голем руски воен брод во пристаништето Бердјанск.
Something big exploded in the temporarily Russia-occupied Ukrainian port city of Berdiansk.
— Natalka (@NatalkaKyiv) May 26, 2023
Are we seeing the beginning of the Ukrainian counter-offensive? #Ukraine #Berdiansk #RussiaUkraineWar #counteroffensive pic.twitter.com/KgQtmt5beg
Пристаништето, неодамна окупирано од руските сили со неколку руски воени бродови, беше потресено од серија силни експлозии.
Видеата на социјалните мрежи покажаа пожари кои беснеат на пристанот, со серија секундарни експлозии кои одекнуваат низ градот.
Украинските вооружени сили го нарекоа бродот Саратов. Во претходните најави, бродот го доби името Орск.
„Во оперативната зона Азов, според ажурирани информации, големиот десантен брод Саратов е уништен при нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се и големите десантни бродови „Цезар Куников“ и „Новочеркаск“. Другите загуби на непријателот сè уште се истражуваат“, објави Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.