Најмалку шест лица загинаа денеска, а 20 се повредени во серија експлозии, кои одекнаа во близина на шиитски храм и гробишта во Кабул, соопштија авганистански официјални лица.
Експлозиите одекнале во моментот кога шиитското малцинство се собрало по повод персиската Нова Година, првиот ден од пролетта.
Се претпоставува дека три експлозии биле активирани со далечински управувач.
Досега никој не презеде одговорност за нападот. Во тек е полициска истрага.