Експлозија во дел од Загреб, полицијата ги предупредува луѓето да не излегуваат од дома

Страшна детонација одекна вчерва на улицата „Анина“ во загрепската населба Рудеш. Причинета е материјална штета и на објектот каде што се случила експлозијата, а полицијата веднаш по пристигнувањето на местото на пријавата го опколила целиот простор.

Дали се работи за експлозивна направа која блеснала и ги преплашила минувачите и жителите или се работи за нешто друго, загрепските полицајци интензивно се обидуваат да утврдат. Од силината на детонацијата наводно било оштетено едно возило.

Објавена фотографија од Жељко Самарџиќ стара 40 години: Погледнете како изгледаше тогаш пејачот
На интернет се појави фотографија стара 40-години на Жељко Самарџиќ на која пејачот е речиси непрепознатлив.Самарџиќ на фотографијата има сосема поинаква фризура, односно …
Израел го уништи срцето на операцијата! Убиен главниот командант на Хезболах!
Ибрахим Акил, шеф на елитната единица на Хезболах Радван, е убиен во цел напад во Бејрут, Либан, соопштија во петокот израелските одбранбени сили.САД …

-Толку многу „удри“ што блесок светлина ја осветли мојата соба. Лежев во темница и гледав телевизија. Слушнав машки глас надвор како нешто вознемирено му зборува некому на мобилен телефон, но не можев да разберам што. Полицијата дојде многу брзо после тоа, па не исклучувам дека можеби тој човек повикал полиција. Прво стигна една кола, па повеќе – изјави за Јутарњи жител на улицата „Анина“.

Граѓаните јавуваат и дека полицијата упаднала во куќата, улицата е блокирана и никого не пуштаат да се доближи.

Полицијата оди од стан во стан, а на сите им е кажано да не излегуваат од дома.

-Не вознемири експлозијата но и полицајците кои буквално трчаа по улица барајќи нешто, ни тропаа на сите врати. Многу брзо, како да е итно. Прашуваа дали видовме нешто. Мислам дека ни тие самите се уште не знаат што точно бараат, а можеби и имаат некакви траги, но не сакаа да ни кажат. Во последно време не сме многу мирна улица, ни ги крадат автомобилите, а во продавницата имало вооружени грабежи – раскаж жител на улицата „Анина“.

Од Јавното обвинителство на Загреб за Јутарњи лист потврдија дека добиле дојава за експлозија во дворната зграда на споменатата улица, а од експлозијата е оштетен еден автомобил. Воедно забележуваат дека нема повредени лица и дека се утврдуваат сите околности на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.