Во центарот на Загреб, Хрватска, утрово во 6.20 часот одекнала силна експлозија. Полицијата соопшти дека нема повредени, а оштетени се неколку возила и стаклата на станбените објекти во близина.
Како што пренесе „Хрватската радио телевизија“, причината за експлозијата не е позната.
Улицата “Домагојева“ каде што живее поранешниот претседател на ХДЗ и потпретседател на Владата Томислав Карамарко утрово е затворена за сообраќај. Според зборовите на еден сведок, експолизијата се случила во едно кафуле, а најверојатно се работи за бомба.