Експлозија и голем пожар во близина на Панчево

Во Омољица во близина на Панчево, при експлозија на резервоари со нафта, денес изби голем пожар, при што според тврдења на мештаните се слушнале и неколку експлозии. Како што јави РТС огнот се проширил на хангарите со жито кои се наоѓаат во близина, но за среќа нема повредени. Екипите на Противпожарната служба со 5 возила и 13 пожарникари, како и на Итната медицинска помош излегле на терен, и околу 17:15 часот пожарот е локализиран, по што се продолжило со гаснење на огнот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.