Едно лице загина вечерва во експлозија на камион во Тел Авив, соопшти израелската полиција.
Во соопштението се наведува дека експлозивната направа била во камионот.
Полицијата ги истражува сите можности кои би можеле да стојат зад инцидентот, пишува Тајмс оф Израел.
Весникот Харец наведува дека во истрагата е вклучена службата за внатрешна безбедност Шин Бет, што укажува дека се разгледува можноста за терористички акт.