Извршниот директор на Рускиот провајдер на платежни услуги Qiwi, Сергеј Солонин, тврди дека поранешен вработен во компанијата ги користел своите платежни терминали за фармање на биткоини во 2011-та година. Програмерот, кој не бил именуван од Солонин, успеал да исфарма 500.000 биткоини, според извештајот од 25-ти јули на новинарскиот сајт Meduza.
За време на неговото предавање наMoscow Advanced Communications School (MACS), Сергеј Солонин рече дека еден од програмерите на Qiwi ги користел своите платежни терминали за фармање на криптовалути, успевајќи да исфарма 500.000 биткоини во 2011-та година, во вредност од околу 5 милиони долари во тоа време, а денес би вределе 4 милијарди долари. Солонин рече:
“Најмногу од сè, бев изненаден од износот: за три месеци тој успеа да исфарма 500 илјади coins, кои потоа чинеа 5 милиони долари. И сега тие вредат милијарди долари.”
Според Meduza, Qiwi успеала да го открие фармањето на нивниот вработен, откако забележале зголемено користење на електрична енергија од страна на терминалите во текот на ноќта. Откако беше откриен, програмерот одби да се откаже од своето богатство и поднесе оставка од компанијата.
Солонин додаде дека откако видел дека користењето на терминалите на Qiwi за фармање на биткоин очигледно ќе донесе поголем профит отколку да ги користат на првично планираниот начин, компанијата се обиде да воспостави слична операција со онаа на нивниот вработен. Сепак, по околу три месеци од подготовките, стана јасно дека компјутерската моќ на терминалите веќе не е доволна за да се натпреварува со другите фармери на Биткоин мрежата.
По објавувањето на статијата, Meduza додаде ажурирање за да појасни дека поранешниот програмер на Qiwi не можел да ги искористи 500.000 исфармани биткоини, бидејќи во одреден момент биле се “изгубиле”.
Минатата недела претседателот на Рускиот Комитет за финансиски пазари, Анатолиј Аксаков, изјави дека крипто-фармерите и сопственици во Русија ќе бидат регулирани со постојниот законик за внатрешни приходи. Аксаков исто така рече дека Државната Дума ќе го донесе својот предлог-закон за криптовалути за време на есенската сесија.