Поранешниот македонски репрезентативец Марјан Радески, член на златната младинска репрезентација на Македонија е ново засилување на актуелниот прволигашки лидер Струга Трим Лум.
Стружани вечерва се пофалија со ангажманот на Радески како засилување во офанзивата, откако досега зимава донесоа двајца дефанзивци во овој преоден рок, Меџит Незири и Бесарт Кривањева.
Радески се враќа во Македонија после неуспешна авантура во Ерменија како член на Пјуник, а е поранешен фудбалер на Металург, Шкендија, Академија Пандев, а кариерата прилепчанецот ја почна во 11 Октомври.
Тој има 17 настапи и еден го за најсилната македонска репрезентација.