ЕК: гласајте по свое убедување

Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската комисија, порача од Брисел дека граѓаните на претстојниот референдум треба да гласаат за она што го поддржуваат и да не подлегнуваат на мешањата од надвор.
“Треба да се случат низа чекори за договорот да стане дефинитивен, и покрај тоа што ЕУ го поддржа постигнатиот договор за името. Референдумот е момент кога народот може да го искористи своето демократско право. Ова е важен момент за нив да одлучат за иднината на својата земја и треба да им биде овозможено тоа да го направат без надворешно мешање“, изјави Коцијанчич.
За тоа, пак, дали ЕК и помага на Македонија да се бори против можни лажни вести од надворешни фактори и мешање во кампањата, таа порача дека европските служби ги споделуваат своите најдобри пракси со своите партнери во оваа област, но и дека државата мора сама да се погрижи околу организирањето на референдумот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.