Елбарадеи повика на бојкот на египетските избори

Египетскиот либерален опозициски челник Мохамед Елбарадеи, повика во саботата на бојкот на парламентарните избори кои започнуваат во април изјавувајќи дека одбива да учествува во „чин на измама“.Исламистичкиот претседател на Египет, Мохамед Морси, ги закажа изборите во четвртокот, за да стави крај на египетскиот турбулентен период на транзиција во демократија кој започна со соборувањето на децениската власт на автократскиот претседател Хосни Мубарак со масовните народни протести.Меѓутоа, Мохамед Елбарадеи, поранешниот челник на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), изјави дека во 2010 година повика на сличен бојкот на изборите кои се одвиваа во времето на власта на Мубарак, кој една година подоцна беше соборен од власта.„Денеска го повторувам својот повик, не сакам да бидам дел од овој чин на измама“, напиша Елбарадеи на својот профил на Twitter.Движењето Муслиманско братство, од кое потекнува и претседателот Морси, ги отфрли обвинувањата дека изборите коишто ќе се одржуваат од април до јуни во четири фази, нема да бидат регуларни.
МакфаксЕгипетскиот либерален опозициски челник Мохамед Елбарадеи, повика во саботата на бојкот на парламентарните избор

Пронајдете не на следниве мрежи: