„Електронска кожа“ – иднината на технологијата е на дофат

Паметните рачни часовници стануваат сѐ попопуларни од година во година, но се чини сега добиваат конкуренција.
Научници од Колорадо работат на иднината на технологијата – изумот „електронска кожа“ кој ќе ги замени гаџетите и истовремено ќе ја намали количината на електронски отпад.
Според досегашните сознанија, овие „фластери“ ќе може да ги мерат отчукувањата на срцето, бројот на направени чекори, потрошени калории и слични параметри што ги покажуваат паметните часовници и ќе можат да се носат на кој било дел од телото.


„Ќе можете да ги ставите околу зглобот, како рачен часовник. Можете да ги ставите околу вратот, како ѓердан… плочките даваат многу можности што досега не беа достапни“, изјави Ѓијанглинг Сјао, еден од истражувачите.
„Електронската кожа“ ќе може да се растегнува до 60% во сите насоки без да ја изгуби функционалноста. Уредот се создава со поставување тенки електронски навои помеѓу два слоја на флексибилен и самообновлив материјал, наречен полиимин (polyimine).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.