Елена Велевска за разводот: „Стана долг и досаден“

Кон почетокот на годинава фолк пејачката Елена Велевска јавно призна дека на нејзиниот брак и покрај сите нејзини напори му нема спас, заедничкиот живот со сопругот пропаднал и дека во тек е бракоразводна постапка.
За естрадниот магазин „Бекстејџ“, тогаш таа истакна дека разводот е во тек.
„Jaс кажав дека нема да разговарам на оваа тема бидејќи во бизнисот одлично ми оди, но не и во љубовта. Децата ми ја дават енергијата кој ми е потребна, а за маж…има многу мажи во светот“ ,кажа тогаш Елена.
Таа сега повторно зборуваше пред камерата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и се уште беше резервирана за оваа тема, но накусо кажа:
„Разводот стана долг и досаден, што и како е и самата не знам“, кажа Велевска, а протолжи да зборува за шпекулациите и невистините кои се пишуваат за неа во медиумите, но и како реагира на истите.
Неодамна по една заедничка фотографија со Перо Антиќ почнаа да кружат гласини дека меѓу Елена и Перо настанала некава љубовна искра.
Пејачката ова децидно го негираше со објаснувањето дека фотографијата секој си ја сфатил како што сака.
„Не е вистина за врската со Перо. Само што се запознавме и секој си ја протолкува фотографијата на свој начин. Веќе сум имуна на ваквите шпекулации, вели Елена за „Бекстејџ“.
Инаку, Елена Велевска неодамна настапи на Фолк Фест „Роса“ со баладата „Најсилна“. На песната работеа Артан Кастрати, кој ја направи музиката, текстот е на Љупче Василев, аранжманот е на Никола Кочан, а придружните е вокали ги испеа Анета Мицеска од групата “Молика”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.