Пред два месеци во медиумите се појави вест дека фолкерката Елена Велевска се разведува од нејзиниот сопруг Марјан Мирчевски, а како причина за разводот наведе дека е семејно насилство.
Преку статус на Фејсбук таа потврди дека се разведува од сопругот и оттогаш не зборуваше за својот приватен живот.
– Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница.
Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај.
Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам…
Животот за нас оди понатаму.
Ви благодарам на разбирањето и поддршката, напиша Велевска на социјални мрежи.
Од друга страна, тогаш нејзиниот сопруг за вистина.мк изјави дека немало семејно насилство и дека се уште живеат заедно.
-Мислам дека самите треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене, дека јас сум најдобар родител, дека ја разбирам, дека во нејзината професија ретко кој разбира и одеднаш сум станал сега семеен насилник, а семејно насилство е кривично дело. Јас не знам како тоа досега не беше така. Се е тоа лага. Знам дека е покрената бракоразводна парница, немам добиено документи, но бев известен од адвокатот на 27-ми јули.
Меѓутоа, Елена и Марјан одлучиле да си дадат втора шанса на бракот и да не се разведат.
-По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање, изјави Елена за „Фокус“.
Елена и Марјна се во брак 11 години и имаат три деца, а за 9 – годишнината од бракот пејчката на сопругот му купи луксузен автомобил.