Елена Исинбаева ја поддржа војната и сега побегна во Шпанија

Руската спортска легенда Елена Исинбаева ја напушти татковината и се пресели во Шпанија, каде што доби државјанство. Овој нејзин потег ги разбранува духовите во Русија. Исинбаева е мајор во руската армија и застана покрај претседателот Владимир Путин во неколку изборни циклуси, како и претставник на народот последователно. Сега Русите сакаат да и ги одземат воените почести. 

Таа, исто така, гласаше за промена на рускиот устав за Путин да може повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.

Во 2018 година, таа и нејзиниот сопруг изградија куќа вредна околу еден милион евра во Тенерифе, што очигледно беше инвестиција во иднината. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.