Елизабета II ја доби почесната награда на BAFTA за улогата на „Бондова девојка“

Британската кралица Елизабета Втора ја прими во четвртокот навечер почесната награда на Британската академија за филмска и телевизиска академија BAFTA, за нејзината поддршка на филмската индустрија како и за улогата на „највпечатливата“ девојка на Џејмс Бонд“.Актерот и режисер Кенет Брага на 86-годишната британска кралица и’ ја предаде наградата на вечерата којашто кралската двојка ја приреди ја приреди за филмските творци во дворецот Виндсор.
Кралицата е „кума“ на многу здруженија кои се грижат за филмската индустрија „а неодамна и самата беше ѕвезда на Олимпискиtе игри во Лондон толкувајќи ја највпечатливата девојкa на Џејмс Бонд“, изјaви претседателот на BAFTA,. Џон Вилис пред 300 гостин, актери, режисери, сценаристи и продуценти.Кралицата заблеска покрај Даниел Крејг, последниот засега Џејмс Бонд во кусиот филм на свеченото отворање на Олимписките игри во Лондон во јули 2012 година. Во овој краткомотрежен филм единствениот текст што го изговара кралицата е „Добра вечер г-дин Бонд“ со кој го дочекува тајниот агент во служба на Нејзиното височество која ја следи со хеликоптер на свеченото отворање на игрите. Сама кралицата потоа не скокна со падобран на олимпискиот стадион, туку тоа го стори фиктивната кралица, а падобранот кој над неа се отвори беше во боите на „Јунион Џек“ (британското знаме).
Меѓу гостите на свеченоста беа и актерот Кристофер Ли, сценаристот на телевизиската серија „Downtown Abbey“ Џулиан Филоус, Барбара Броколи продуцентката на најновиот филм за Џејмс Бонд „Skyfall“ од 2012 година, кој досега го постигна најголемиот финансиски успех заработувајќи во кината во Велика Британија повеќе од милијарда долари.
МакфаксБританската кралица Елизабета Втора ја прими во четвртокот навечер почесната награда на Британската академија за филмс

Пронајдете не на следниве мрежи: