Пред помалку од една година Елиф Елмас се пресели од Наполи во Лајпциг за сума од 24 милиони евра, но во Германија скоро и да не добива шанса за игра.
Во германскиот тим Елмас пристигна со цел за поголема минутажа, но место тоа се случи спротивното. Македонскиоит репрезентативец во вториот дел од минатата сезона одигра 274 минути, а сезонава уште помалку од почетокот на сезоната само седум минути.
Тренерот Марко Розе очигледно не смета на неговите услуги, па во медиумите се појавија шпекулации за негово враќање во Италија.
„Билд“ пренесува дека Елмас може да се врати во Серија А каде што наводно Антонио Конте размислува да го врати во Наполи. Сепак, се потенцира и дека желба на Елмас засега е да остане и да се бори за своето место во бундеслигашот.