Елмас: Мајка ми не ми даваше да гледам фудбал, морав прво се да научам

Елиф Елмас веќе четири години е во Неапол во тимот на Наполи со кого како што стојат работите ќе го прослави најголемиот успех, а тоа е титулата во Серија А.

Елмас оваа година е постојано активен во тимот предводен од Лучијано Спалети, има значајна улога, а со тоа секако се зголеми и неговата популарност меѓу навивачите на овој клуб. Тој воедно има добар однос и со соиграчите со тоа што ако мора да издвои тоа би бил Ким Мин-Џае.
-Тој е одличен човек со вистински карактер. Тука би ги ставил и Лоботка, Кварацхелија, Ди Лоренцо, Ангуиса, Руи… Сите се одлични. Оваа година ни се случуваат многу работи. Спалети донесе нешто посебно. Нѐтера да играме, топката да оди со 100 кулометри на час, а со тоа и ние, -истакна македонскиот репрезентативец.

Тој за „ДАЗН“ воедно посочи дека во Македонија многу се гледа италијанскиот фудбал, но и откри што мајка му правела и му кажувала додека растел.
-Додека не научиш сѐ, нема да излезеш од собата. Дури и кога имаше Лига на шампиони, морав да учам. Во Македонија многу се гледа италијански фудбал. Ми се допаѓаа Тоти и Рома на Спалети како играше. Татко ми не гледаше фудбал. Моите размислуваа само на работа од утро до вечер. Сега имаат повеќе време за уживање затоа што нивните деца работат, семејството е тука со мене, -рече Елиф.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.