Еден од јунаците во светската титула на Аргентина, голманот Емилијано Мартинез очигледно е многу контроверзен лик, па ајде што безобразно славеше со „златната ракавица“ за најдобар голман, па го исмеваше Килијан Мбапе кој му даде три гола после победата и на шампионската прослава во Буенос Аирес – ја претера.
Додека сите Аргентинци славеа со пет милионите навивачи на улиците во аргентинската престолнина, а парадата не го дочека својот крај поради хаосот што двајца го направија скокајќи од надвозник врз автобусот, Мартинез имаше друга забава, да го трола Мбапе.
Земал кукла, му ставил лик од Мбапе и на сите им се фалеше што направил.