Скоро сите турски медиуми минативе денови пишуваат за наводната врска на 36 годишната пејачка Емина Јаховиќ и турскиот милионер, 54 годишниот Садетин Саран.
Имено, според пишувањето на тамошните медиуми, Емина со Садетин тајно се гледа нешто повеќе од еден месец, а папараците ја следат во чекор, како би дознале нешто повеќе од неа.
Поранешниот менаџер на Фенербахче, а денес претседател на Саран Холдинк и Емина се познаваат од порано, но пејачката до неодамна беше во брак со Мустафа Сандал. Меѓутоа, откако се разбеде од Мустафа, со кого беше во брак од 2008 година, нејзиното срце наводно го освоил 18 години постариот милионер, со кого тајно се гледа, како не би биле фатени од папараците.