Емина Јаховиќ во љубовна врска со турскиот биснисмен

По десет години брак пред нецели три месеци српската поп пејачка Емина Јаховиќ 36, се разведе од турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал, а како што велат упатените веќе еден месец е во љубовна врска со турскиот милионер Садетин Саран 54.
Иако официјални таа не сака да зборува за својата нова љубов, која веројатно добро ќе и дојде како утеха по разводот, сепак и не ја демантира. Садетин е роден во Америка, а како 12-годишно момче се преселил во Турција. Бил успешен спортист, член на пливачката репрезентација на Турција, менаџер на “Фенербахче“, а сега е претседател на “Саран холдинг“. Зад себе има два брака и една ќерка, а Емина од бракот со Мустафа ги има синовите Јамен и Јавуз. Знаејќи ја каприциозноста и пребирливоста на пејачката кога се во прашање мажите тешко е, барем за сега, да се претпостави дали љубовната идила ќе има среќен крај и ќе биде крунисана со брак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.