Миша Варвариќ е украински војник кој минатата пролет ги загубил двете нозе и ја повредил раката кога налетал на мина за време на борбена мисија во регионот на Луганск, по што заминал во Орландо со неговата девојка Ира Ботвинска за да му вградат протетика.
Емотивен момент
Миша неодамна одлучил да ја запроси својата девојка, а на социјалните мрежи почна да кружи снимка од емотивниот момент.
Меѓу оние кои го споделија видеото е и украинската активистка Олена Халушка, која на својот Твитер профил објави трогателна порака.
„Љубовта ќе победи“
„Љубовта ќе победи, Украина ќе победи! Нашиот бранител, падобранец, ја запроси својата девојка. Таа му помогна во најтешките моменти. Минатиот јуни тој ги загуби двете нозе во акција. Тие се вистинска инспирација“, напиша таа во објавата која има речиси половина милион прегледи.