По трагедијата што го снајде пред една година кога почина неговиот син, Енес Беговиќ најде сила повторно да застане пред медиумите и да најави нови концерти.Тој во краткото интервју за босанската телевизија „ХајатТВ“ откри што може да очекува публиката која ќе дојде на концертот што ќе го одржи заедно со неговите колеги од Босна.– Тоа што ќе се случи во Травник ќе биде нешто што досега не е видено. Ќе има промена на добрата енергија и музика, мислам дека ќе биде една од најпосетените вечери. Ќе понудиме сè што им се допаѓа на луѓето, музика за сите генерации – изјави пејачката за „Хајат ТВ“.Да потсетиме, пејачката Елвира Рахиќ призна дека целото семејство Беговиќ сè уште е во шок и откри кога нејзиниот кум Енес ќе се врати на сцената.-За жал, тој ја доживеа таа трагедија. Сè уште не се враќа на сцената, а сигурно нема да се врати додека не помине годишнината од смртта на неговиот син. Можам само да кажам не дај Боже некој да го доживее тоа што го доживеа мојот кум. Ниту блиску, а камоли тоа. Некако луѓе – изјави таа за Гранд.
Пронајдете не на следниве мрежи: