Ентони Марсијал го напушта Манчестер Јунајтед




Францускиот 28-годишен напаѓач Антони Марсијал ќе го напушти Манчестер Јунајтед кога ќе му истече договорот на крајот од јуни, објави фудбалерот во понеделникот.

„Со големи емоции денеска ви пишувам за моето збогување. По девет неверојатни години во клубот, време е да свртам нова страница во мојата кариера“, објави тој на Instagram.

„Бевте мојата непоколеблива поддршка, и во добри и во тешките моменти. Вашата страст и верност беа постојан извор на мотивација за мене“, додаде Марсијал.

Французинот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2015 година од Монако за 40 милиони евра и постигна 90 гола на 317 настапи за „Црвените ѓаволи“.

Заминувањето беше очекувано, бидејќи последните сезони имаше проблеми со повреди и играше многу малку.

Неодамна заминување од Јунајтед најави и неговиот сонародник Рафаел Варан, кој во клубот пристигна во 2021 година од Реал Мадрид.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: