Ен Хатавеј беше во центарот на вниманието на ревија заради затегнатото лице: Естетски зафат или само добра шминка?

Американската актерка Ен Хатавеј (42) се појави на ревијата на Ралф Лорен, а поради неверојатно младешкиот изглед беше во центарот на вниманието, што ги наведе луѓето на социјалните мрежи да се запрашаат дали направила козметички процедури за подмладување.
Ралф Лорен одржа модна ревија на 17-ти април за да ја претстави својата колекција есен 2025 година во Њујорк. Холивудската ѕвезда Ен Хатавеј на ревијата се појави во впечатлив моден изглед.
Сепак, она што го привлече вниманието на нејзините обожаватели е нејзината убавина и неверојатно младешкиот изглед на 42-годишна возраст.

View this post on Instagram

A post shared by 𝑪𝒉𝒊 (@chimagazineit)

Актерката беше видена во панталони со светки, искинати, кои ги спои со класичен бел тенк и беж капут. Својот изглед го заокружи со сандали со високи потпетици и златен накит, додека ја носеше косата врзана во високо опавче.
На социјалните мрежи брзо започна дискусија за тоа дали Ен Хатавеј направила фејслифтинг или некоја друга процедура за подмладување. Некои сметаа дека овојпат комбинацијата од тесно високо опавче и потешка шминка придонесе за затегнат изглед на нејзиното лице.

At the Ralph Lauren Fashion Show#AnneHathaway pic.twitter.com/ZKu3Aw8rNG
— Anne Hathaway (@AnneeJHathaway) April 17, 2025

Ова не е првпат Ен поради младешкиот изглед да се поврзува со темата за козметички зафати, а често ја опишуваат како жена која не старее.
Таа уште во 2008 година признала дека посакува естетска операција, но се откажала.
„Кога растев сакав да го оперирам носот бидејќи не мислев дека мојот нос е добар“, но таа се откажа од таа идеја и појасни: „Твоето лице мора да има карактер ако сакаш да бидеш актер, или си само некој вид на лице“.

Пронајдете не на следниве мрежи: