Епидемиолог сум и татко. Еве зошто мислам дека треба да работат училиштата, вели Бенџамин П. Линас

Ковид-19 предизвикува неизвесност во нашите животи и нè принудува да донесуваме сложени одлуки со малку информации и спротивставени насоки од властите. Летото не нуди бегство.
Но, што ќе правиме со децата? Дали можеме да ги вратиме на училиште? Ако ги чуваме дома, дали ќе заборават да читаат? Ако ги испратиме на училиште, дали ќе има последици? Вистински кошмар. Изборот е тежок и неизвесен, пишува Бенџамин П. Линас.
Татко сум на три девојчиња на возраст од 16, 13 и 10 години и како и секој родител, загрижен сум за доаѓањето на есента. Исто така, доктор сум за инфективни болести и епидемиолог и изминативе четири месеци ги поминав борејќи се со Ковид-19, дизајнирајќи политики за контрола на зарзата во болницата во која работам и грижејќи се за пациентите на првата борбена линија. Дел сум од комисијата за потворно отворање на синагогата и училиштето во мојата област.
Ја искусувам пандемијата од прва рака и како професионалец и како родител. И во двете улоги ги слушам истите прашања: Дали нашите деца ќе бидат безбедни? Дали нашите наставници ќе бидат безбедни? Дали децата ќе донесат Ковид-19 во семејството? Дали отворањето на училиштата ќе доведе до уште еден бран и повторен карантин? Кои се ризиците од неотворањето?


Поминав долго време разгледувајќи ги податоците и барајќи договори на предизвикувачки прашања со кои се соочуваме. Добрата вест е што можеме да се надеваме дека ќе ги испратиме децата на училиште наесен, но има многу работа што треба да ја завршиме.
Дали нашите деца ќе бидат безбедни?
Ако некој од нас некогаш повторно ќе ги испрати своите деца на училиште, потребен ни е јасен одговор. За среќа, мислам дека имаме одговор, барем за децата. Децата се со помала веројатност од возрасните да бидат заразени со Ковид-19. Постојат повеќе начини да се проучи ова прашање и сите пристапи пристигнуваат до истиот заклучок.
Прво, кога гледаме во јавното здравство, децата под 18 години сочинуваат само 2 отсто од случаите во САД, иако тие претставуваат 22 отсто од вкупното население. Слични истражувања покажаа дека децата сочинуваат помалку случаи и во Италија, Јужна Кореја и Исланд. За мене, тоа се многу слични резултати за ова да биде пропуст. Кога едно истражување на една локација произведува наод, тоа е забележително.
Една од причините зошто бројот на случаи е помал кај децата е тоа што се затворија училиштата во март. Можеби ги заштитивме нашите деца. Но, ако ги испратиме на училиште оваа есен, дали тие ќе бидат заштитени?
Еден начин да се проучува ова прашање е да се процени стапката на пад на болеста – процентот на изложени лица кои се заразиле. Повеќе истражувања од Кина ја испитале стапката на заразност помеѓу луѓе кои живеат со некој заразен. Откриле дека само околу 4 до 5 отсто од децата развиле активна инфекција. За споредба, околу 17 до 20 отсто од возрасните се заразиле по изолженоста на болеста. И во земјите со повисока стапка на инфекција, кај децата е помала веројатноста да развија инфекција.
Дури и во најлошите сценарија, во кои децата се заразуваат со Ковид-19, резултатите од болеста се помалку сериозни отколку кај повозрасните.
Дали наставниците ќе бидат безбедни?
Постојат помалку податоци насочени токму кон наставниците и персоналот отколку децата. Истражување во Франција дава добри вести – од 541 ученик и 46 наставници, немало документирано пренесување од ученици на наставници. Сепак, тука треба да се земе предвид дополнителниот ризик со кој се соочуваат наставниците во канцелариите.
Работејќи во болница, лично видов дека персоналот има тежок период за одржување на лична заштита. Лекарите и медицинските сестри имаат тенденција да го спуштат гардот кога се подалеку од пациентите, за време на паузите. Се симнуваат маските, луѓето јадат во потенцијално небезбедни места и се намалува социјалното дистанцирање.
Истото ќе се случи и во училиштата. Затоа потенцијалниот ризик за наставниците ги надминува училниците. Плановите за отворање на училиштата мора да ги земат предвид и безбедноста на наставниците, освен благосостојбата на учениците.


Дали децата ќе донесат Ковид-19 во домовите?
За повеќето родители, следното прашање е безбедноста на најблиските во семејството. Податоците повторно смируваат. Еден голем преглед на над 700 научни публикации открива дека децата сочинуваат само мал дел од случаите. На пример, во Кина е откриено дека само 5 отсто од кластерите во домаќинствата имале и заразени деца. Слично е и во Швајцарија и Холандија.
Дали отворањето на училиштата ќе доведе до втор бран и повторна изолација?
Стигнуваме до најпредизвикувачкото прашање за кое за жал, немаме одговор.
Објективно, доказите укажуваат на тоа дека училиштата ќе играат мала улога во одржувањет на пандемијата. Истражување на 210 кластери низ светот покажува дека само 8 од нив (3,8 отсто) вклучувале зараза во училиште. Студиите на случај на истражувања за епидемија во Ирска, Франција и Австралија покажуваат речиси нула случаи на пренесување на болеста во училиште. Сите податоци ни укажуваат дека училиштата веројатно ќе бидат во ред оваа есен.
Но, приказната не завршува тука. Прво, има примери на епидемии во училиштата што предизвикаа повторно заклучување и изолација на земјите. Таква земја е Израел. Израел ги отвори училиштата со помалку ученици на почетокот на мај и ги укина ограничувањата. Но, се соочи со зараза на 116 ученици и 14 наставници во едно училиште.
Кои се ризиците ако училиштата не се отворат?
Дискусијата за затворање на училиштата што се фокусира само на Ковид-19 и воопшто не на образованието е нецелосна. Постојат вистински ризици ако ги задржиме дома децата. Всушност, ризиците од останувањето дома се на многу начини појасни од ризиците од враќање на училиште.
Едно истражување со употреба на статистички модели предвидува големи загуби во перформансите по математика, ако продолжиме со далечинското учење до 2021 година.
Тешко е да се укаже на загубата од учењето од дома. Истовремено, сите се согласуваме дека образованието е суштинско. Ако ги задржиме нашите деца дома уште една учебна година, тие ќе пропуштат 12 отсто од вкупното образование. Не можам да ги идентификувам специфичните загуби од толку отсуство, но убеден сум дека има цена. З
Загубите од Ковид-19 ќе бидат најголеми меѓу социјално ранливите, како што се децата со пречки во учењето и оние чија состојба дома не е погодна за учење. Понатаму, училишната служба учествува со околу 20 отсто од официјалните извештаи за злоупотреба на деца и семејно насилство. Без советници и социјални работници од училиштата, овие проблеми ќе останат неиспитани. Што треба да правиме?
Мора да се донесе одлука. Не можеме да не направиме ништо, затоа што во секој случај – или физичкото присуство или учењето на далечина, се некаква одлука.
За жал, донесуваме одлука со значителна неизвесност. За среќа, ова не е првпат луѓе да бидат принудени да донесуваат одлуки во неизвесност. Постојат пристапи да се донесат неизвесни одлуки на начин што ги максимизира шансите за добар исход и ја минимизира штетата доколку исходот е слаб.
Кога ги гледам податоците, гледам неизвесна одлука. Прво, според билансот на податоци што го имаме сега, предлагам да се обидеме да ги отвориме училиштата наесен. Ризиците од повторно отворање се несигурни; штетата од останувањето дома е јасна.
Ако се отворат наесен, мора да имаме капацитет за брзо справување, доколку се појави епидемија. Израел е важна приказна. Кога Израел повторно ги затвори училиштата, идентификуваше само два случаи во училиштата – на крајот откри дека повеќе од 100 ученици биле заразени.
За да се направи ова добро, потребен е скрининг, тестирање, следење на контактите и изолација. Но, тестирањето бара буџет. Формален план. Изградбата на ваквата инфраструктура доаѓа по цена и многу земји веќе се соочуваат со недостатоци.
Потребно е тестирање во рамките на училишниот систем за да се скрати одложувањето на секој чекор од процесот. Со такво решение, можеме да ја зголемиме свеста за состојбите во училиштата, заедно со можноста да реагираме соодветно.
На крајот на краиштата, кога ја гледам одлуката за отворање на училиштата како татко и како научник, глеадм тешка одлука што мора да се донесе и покрај неизвесноста. Ризиците од отворање се несигурни, но придобивките се јасни. Треба да се обидеме повторно да ги отвориме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.