Епидемиолозите не можат да ги најдат гостите од свадбата- синот не сака да оди во изолација бидејќи со Амди живееле на различен кат

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Скопје кои се задолжени да ги детектираат контактите на Амди Бајрам кои биле со него на свадбата на неговата внука која пред 10 дена се одржа во Истанбул, Турција и каде присутни биле стотици гости од Македонија, не може да ги најдат сите гости и контакти.
Директорот на ЦЈЗ Скопје д-р Алексадар Стојанов за Слободен печат тврди дека ги контактирале блиските на Бајрам, но дека на голема соработка не наишле.


– Синот ни рече дека не бил во контакт со татко му, бидејќи живееле на различни катови во куќата од пет ката. Сопругата ќе оди во изолација, а возачот што ги однел во Истанбул воопшто не сакаше да комуницира со нас, па ние не можеме да натераме никого. Вели, не сака да даде никаков податок ниту каде бил, ниту со кој бил, како да ги најдеме тие 300 души? Ние сме шестмина епидемоилози за цело Скопје и не знаеме како да постигнеме. На почетокот кога имаше по 30 заразени дневно дури и дома одевме кај пациенти да им направиме епидемиолошка анкета, сега тоа е излезено од контрола. Како да направите епидемиолошка анкета кога секој ден има по 200 заразени лица во Скопје. Гледам вчера поворката на погребот на Бајрам, била спроведена од полицијата, си ги направиле адетите, многу луѓе влегле во куќата за да се поздрават, точно така букна епидемијата во Дебар на почетокот, ако се сеќавате, од погреб. Сите сакаат да го заобиколат системот, а после кога нема капацитети, прашуваат зошто нема капацитети, рече д-р Стојанов за Слободен печат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.