Епл го претстави новиот поевтин Ајфон од моделот СE

Компанијата Епл денeска го претстави новиот буџетен Ајфон од серијата СE, во црна, црвена и бела боја.
Вградената меморија е од 64, 128 и 256 ГБ и цената зависи од меморијата. На американскиот пазар ќе се продава по 399, 449 или 549 долари, зависно од капацитетот на меморијата.
Овој модел е наменет за корисниците кои сакаат помал екран и кои не се во можност да платат од 800 до 1.100 долари за моделите од серијата 11.


Работи со класично кружно копче со вграден сензор за отпечаток на прстите, и батеријата може да се полни безжично.
Телефонот е со можност за користење две сим-картчки. Ширината на екранот е 4.7 инчи, поседува задна и предна камера, предната е се 12 мегапиксли, а задната со седум. Поседува бионичен процесор за обработка на фотографии и можност да се вклучи режим на портрет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.