Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ерата на оружје, насилство и терор е завршена.Тој говореше на регионалниот конгрес на неговата владејачка Партија на правдата и развојот во северниот град Самсун.„Од сега сите мора да ја прифатат оваа вистина – ерата на оружје, насилство и терор заврши. Сепаратистичките убијци или ќе го закопаат оружјето што е можно поскоро или ќе бидат закопани со своето оружје. Нема трет пат“, нагласи турскиот лидер.Според него, „сепаратистичко-терористичката организација дојде до крајот на својот живот“.Турција како таква терористичка организација ја дефинира Курдската работничка партија (ПКК), како и нејзините здружени формации во Сирија.„Нагласувам дека во нашиот регион нема повеќе простор за терор во иднината на нашата земја или нашиот регион“, рече Ердоган.
Пронајдете не на следниве мрежи: