Ердоган излезе со нова стратегија: Времето ќе покаже дека донесов вистинска одлука

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш се осврна на кризата и ситуацијата во Газа и порача дека пристапот на Турција во иднина ќе се покаже како целосно исправен.Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на собирот на извозниците во Истанбул рече дека идната стратегија на неговата земја во однос на Газа ќе биде препознаена како промислена и реална.„Како што времето ја потврди исправноста на нашиот однос кон Сирија, историјата ќе докаже дека сме биле во право и за кризата во Газа“, рече Ердоган.Тој истакна дека посветеноста на принципите на правда, мир и сочувство ќе биде клучна насока за Турција. Ердоган, исто така, рече дека натамошното страдање во Газа е неприфатливо.„Ние правиме континуирани напори да ставиме крај на насилството и да создадеме услови за траен мир. Ако даде Господ, наскоро ќе бидеме сведоци на позитивните резултати од овие интензивни напори“, рече турскиот водач.

Пронајдете не на следниве мрежи: