Ердоган и се закани на Грција: Кога ќе го изгубиме трпението, се може да се случи!!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот повторно и се закани на Грција со воен одговор во случај да продолжат провокациите, бидејќи неодамна турските воени авиони беа цел на противвоздушно оружје додека летаа над спорните острови во Егејското Море.

„Ако тие имаат острови и воени бази и одредени претензии кои се нелегални и се закани за нас, еден ден ќе го изгубиме нашето трпение. Кога ќе го изгубиме, сè може да се случи“, рече Ердоган на прес-конференција во Сараево на прашањето за Последниот спор со Грција.
Ердоган и се закани на Грција: Кога ќе го изгубиме трпението, се може да се случи!!

„Ако тие имаат острови и воени бази и одредени претензии кои се нелегални и се закани за нас, еден ден ќе го изгубиме нашето трпение. Кога ќе го изгубиме, сè може да се случи“, рече Ердоган на прес-конференција во Сараево на прашањето за Последниот спор со Грција.

Системите за противвоздушна одбрана С-300, кои ги користи Грција, во моментот на прелетувањето биле насочени кон турски авиони за време на рутински лет над островите во Егејското Море. „Вознемирувањето на нашите авиони со радари не е бениген чекор“, додаде тој.

На 30 август Турција го прослави националниот празник, Денот на победата, кој го одбележува сеќавањето на турските сили кои ги протераа грчките воени сили во 1922 година. Анкара потсети дека островите во Егејското Море и биле предадени на Грција во согласност со договорите од 1923 и 1947 година. Услов е да не се вооружени.

Односите меѓу Грција и Турција беа во состојба на постојано влошување во последните десет години, а во 2020 година тие ескалираа до воен конфликт кога двете земји испратија бродови во спорните води на источниот Медитеран. Ердоган на почетокот на јуни и се закани на Грција од истите причини, што предизвика загриженост кај меѓународната заедница.

Милитаризацијата на грчките острови во источното Егејско Море е забранета според Договорот од Лозана од 1923 година и Парискиот договор од 1947 година. Атина тврди дека грчки војници се распоредени на островите за да ги бранат од бродови кои им се приближуваат од западниот брег на Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.