Ердоган: Не го сменивме односот кон Русија, со Путин сме исто како порано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ги одржувала и продолжува да ги одржува односите со рускиот лидер Владимир Путин, додека „сите од Западот ја напаѓаат“, пренесе агенцијата АПА.

Властите во Анкара, од почетокот на руската инвазија врз Украина неколкупати повторија дека Турција нема намера да ги следи западните земји и да им се приклучи на санкциите против Русија.

„Сите ја нападнаа Русија, но ние не. Напротив, ги одржувавме односите со претседателот Путин на ист начин како и досега“, рече Ердоган на средбата со младите од неговата партија во Мугла.

Ердоган се осврна на договорот за извоз на жито од Украина, кој беше постигнат со посредство на турскиот претседател.


Пронајдете не на следниве мрежи: