Продолжувањето на украинскиот конфликт остава мала можност за дипломатија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu.
„Негативноста предизвикана од војската во Украина секој ден се влошува. Продолжувањето на војската остава помалку опции за дипломатија“, рече Ердоган.
Тој потсети на неговите средби со украинските и руските официјални лица.
„Во последните неколку недели се сретнав со рускиот претседател Владимир Путин. Пред тоа се сретнав со министерот за надворешни работи на Украина. Им ја пренесов нашата порака дека просторот за дипломатија мора повторно да се отвори“, рече турскиот лидер.