Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со британскиот премиер Риши Сунак во врска со моменталната состојба на израелско-палестинскиот конфликт.
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Тие разговарале за начините за воспоставување мир во регионот и за итните мерки за решавање на тешката хуманитарна криза.
- Зошто болката во вратот постојано се враќа: Физијатар предупредува на грешки што го забавуваат закрепнувањето
- Сопругата на Мишo Ковач му оддаде почит со моден детал: Носеше очила по кои го паметиме
- Брисел со забелешки во извештајот за Македонија: Нема уставни измени, ниту напредок во борбата против корупцијата
- ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството остануваат клучни предизвици за Македонија на европскиот пат
- Макс доаѓа: Мета направи робот што работи дома
- Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват залихи за преживување во првите 72 часа од криза
- (Видео) Клиниката за детски болести: Обезбедена „Трикафта“ за 126 пациенти со цистична фиброза
- По речиси 30 години во Сенатот, помошникот на Трамп ги загуби изборите
- Зеленски и додели орден на Меланија Трамп за хуманитарната евакуација од Олешки
Ердоган нагласи дека Турција очекува ефикасни иницијативи од меѓународната заедница, особено од западните земји, против кршењето на човековите права во Газа.
Тој ја нагласи важноста на сеќавање и исполнување на ветувањата дадени на Палестина во текот на годините, наместо преземање провокативни акции кои ја продлабочуваат кризата.
Десет дена по конфликтот со палестинската група Хамас, продолжува израелското бомбардирање и блокадата на Појасот Газа, при што беа раселени над 1 милион луѓе – речиси половина од вкупното население на Газа.
Газа се соочува со тешка хуманитарна криза. Областа е без струја, а водата, храната, горивото и медицинските резерви се при крај, додека цивилите бегаат на југ по израелското предупредување да се евакуираат северните области.
Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа 2.750 Палестинци, меѓу кои повеќе од 750 деца.
Пронајдете не на следниве мрежи:


