недела, 29 ноември 2026
Најново

Ерол Маск: „Епштајн е жив, без сомнение“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ерол Маск, таткото на американскиот претприемач Илон Маск, изјави дека верува оти американскиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн е сè уште жив.

„Тој дефинитивно е жив. Епштајн  не е мртов. Нема сомнение за тоа… Мислам, нема шанси да е мртов, ни блиску“, рече Ерол Маск во интервју за РИА Новости.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој ја доведе во прашање официјалната верзија за смртта на Епштајн, посочувајќи ги околностите околу откривањето на неговото тело.

Според Маск, безбедносните камери биле исклучени, а затворските чувари спиеле во времето на инцидентот.

Според Министерството за правда на САД, недостасуваат 62 секунди од снимката од надзорните камери од затворот каде што бил притворен Епштајн  – од 23:58:58 до 00:00 часот, што се должи на дневното автоматско ресетирање на стариот систем за видео снимање.

Во 2019 година, Епштајн  беше обвинет во Соединетите Држави за трговија со малолетници со цел сексуална експлоатација и заговор за учество во такви активности, а почина на крајот на јули истата година.

По истрагата, американските власти заклучија дека Епштајн извршил самоубиство .

Поврзани вести