Есенска диета со тиква: За две недели намалете до 5 килограми

Диета со тиква им се препорачува на оние кои сакаат брзо да се ослободат од вишокот килограми. Диетата трае две недели и во текот на овој период можете да ослабите до 5 килограми.
Тиквата е идеална намирница за слабеење. Содржи протеини, маснотии, јаглехидрати, пектин и минерали (калиум, калциум, железо, цинк), витамини од Б групата , Ц, Е, ПП, А.
Во текот на диетата секој оброк мора да се зема точно навреме. Времето си го одредувате сами во согласност со начинот на живеење и вашите дневни обврски. Диетата вклучува и ужини кои се состојат од незасладено овошје, чај или кафе без шеќер, минерална вода.
План за исхрана
Ден 1
Појадок: тиква со моркови и сок од лимон, каша од тиква со додаток на житарки (ориз, просо или овес)

Ручек: супа од зеленчук со тиква (пиперка, морков, кромид, мала количина компир, зелен листест зеленчук и растително масло)
Вечера: печена тиква
Ден 2
Појадок: салата од тиква, каша од тиква и житарки
Ручек: пасирана тиква, супа од зеленчук
Вечера: овошје по избор
Ден 3
Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук и фиде (без компир)
Вечера: две парчиња тост и салата од тиква и ананас
Ден 4
Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук и динстана блага пиперка
Вечера: рагу (тиква, зеленчук и печурки)
На петтиот ден од диетата се повторува распоредот од почеток. Диетата се држи додека не ја добиете саканата тежина, најмногу две недели.
Диетата со тиква нема контраиндикации, но сепак, не се препорачува за лицата кои имаат некакво заболување на дигестивниот тракт.
Секојдневна брза прошетка во траење од триесетина минути значително ќе ви помогне да постигнете подобри резултати од диетата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.