Пиењето чај е убава навика која ни овозможува да се релаксираме, но и која носи многу бенефити за нашето здравје и убавина.
Зелен чај – овој чај е еден од најмалку преработуваните чаеви, кој содржи големо количество антиоксиданти, кои ја штитат нашата кожа, имунитет и делуваат позитивно на поттикнување на метаболизмот, намалување на холестеролот и намалување на килограмите.
Црн чај – црниот чај потекнува од истото растение како и зелениот чај, само е различен по начинот на обработка. Тој содржи високо количество кофеин и антиоксиданти кои придонесуваат за намалување на ризикот од дијабетес и срцеви заболувања, јакнење на имунолошкиот систем и регулирање на нивоата на шеќер. Во мали дози, тој е и одличен за спречување на воспаленијата.
Бел чај – белиот чај е исто така малку преработен чај како и зелениот и содржи највеќе антиоксиданти од претходно наведените чаеви. Добар е за намалување на холестеролот, намалување на крвниот притисок и има антибактериски својства.
Чај од ѓумбир – овој чај е одличен за варењето и метаболизмот и намалување на прекумерната тежина. Пијте го пред оброците за да го подобрите варењето и да го намалите апетитот. Тој исто така ги релаксира и уморните мускули и му помага на телото да ги прими хрналивите состојки.
Чај од нане – овој чај има терапевтски ефект, а има и антиинфламаторни сосотјки кои придонесуваат за смирување на болките во стомакот, ПМС симптомите и намалување на апетитот.
Чај од маточина – чајот од маточина е совршен за пред спиење за намалување на стресот. Тој има смирувачки ефекти, а исто така може да помогне и кај респираторните проблеми и настинките. Добар е и за намалување на болката кај забите и главата и за подобрување на функцијата на дигестивниот систем.
Чај од камилица – користен уште од нашите баби, тој помага за проблемите со спиење и болки во стомакот. Исто така помага и кај подочњаците и има антибактериски состојки.