Денес претпладне во земјава ќе имаме посвежо и умерено облачно време со умерен до засилен северен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се движи помеѓу 8 и 16 степени, а максималната ќе достигне до 25-тиот степен Целзиусов.
И во Скопје и околината слично време со утринска температура до 11 степени и дневна до 21 степен.
За време на викендот, но и во понеделник синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нулата. Веќе од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.