ЕСМ изнајмува механизација за РЕК Битола за 63,7 милиони! Зошто никој не купува, сите изнајмуваат опрема и дали РЕК Битола е златната кокошка на секоја власт?

АД ЕСМ изнајмува машини за потребите на РЕК Битола за 63,7 милиони денари. Од податоците на веб-страницата за јавни набавки се гледа дека се склучени договори со неколку компании, за изнајмување на различна механизација, која може да се купи и да биде во сопственост на АД ЕСМ или на РЕК Битола, наместо секоја година да се даваат милиони за изнајмување на опремата.

Дополнително, Рамковните спогодби имаат само максимална вредност на спогодбата, што дава можност за злоупотреби затоа што тоа значи дека сумата може да се исполни и за два месеци и за две години, зависно од потребите за ангажман на механизацијата.

ЕСМ за РЕК Битола изнајмува булдожер.

Се изнајмува и утоварна лопата за 14 милиони денари.

ЗА 14 милиони денари се изнајмува и камион.

Сите договори можете да ги погледнете на веб страницата на ЕСЈН, бројот на огласот е 20999/2024.

Ова не е првпат да се изнајмува механизација за РЕК Битола. Во јавноста често се поставува прашањето зошто наместо да се купи потребната механизација и средствата да бидат платени еднаш, РЕК Битола функционира со изнајмена опрема, а парите се даваат барем еднаш годишно.

Се поставува прашањето и дали РЕК Битола е златната кокошка на секоја власт, бидејќи ниту една власт досега не сакала трајно да го реши проблемот и да набави механизација.

Пронајдете не на следниве мрежи: